Објавено на:

Украина објави колкава територија е ослободена со контраофанзивата

t

Војската на Украина објави дека ослободила вкупно 130 квадратни километри територија окупирана од Русија во јужна Украина откако започна контраофанзива пред околу три недели.

Во текот на изминатата недела вратени се дополнителни 17 квадратни километри од областа Запорожје под руска окупација, објави денеска на Телеграм заменик-министерката за одбрана Хана Малиар.

Украина објави ѝ помали успеси на источниот фронт.

Маилар рече дека и покрај жестокиот отпор на Русите, украинската армија напреднала еден до два километри во неколку правци во текот на претходната недела.

Армијата исто така ги одби руските контранапади на неколку точки на линијата на фронтот, вклучително и оние кај Бахмут, Лиман и Авдивка, каде што, наводно, во моментов се водат особено жестоки борби. Во изминатата недела во овие области се водеа повеќе од 250 битки, рече Малиар.

Руското Министерство за одбрана вчера извести за повеќе од 20 украински напади во еден ден на југот и на истокот на земјата. Информациите кои доаѓаат од воената зона не можат да бидат проверени од независни извори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…