Лекарската комора бара да престанат критиките по смртта на Јана

t

Од комората апелираат да престане секојдневниот и голем притисок во медиумите и социјалните мрежи врз медицинскиот персонал во Битола каде имаше пристутен инспекцисики и стручен надзор како и изештајот на судска медицина каде не утврдија лекарска грешка и стручен пропуст во лекувањето и не е констатирана причинско – последична врска.

„Иако јавното здравство се соочува со предизвици во однос на расположливите ресурси, докторите од Клиничка болница во Битола, а и во сите други јавни здравствени установи, секојдневно се обидуваат да пронајдат начини како да се подобрат условите, да не се затвораат одделенија и да им се овозможи на пациентите подобра здравствена заштита со поголемо обострано разбирање и трпение. Неоправданиот притисок што се прави врз лекарите создава услови за нивно заминување од јавното здравство, што е примарно на штета на пациентите “ се вели во соопштението од Лекарската комора.

Адвокатот Јанаки Митровски на семејството на Јана вели дека сепак сакаат да се провери вештачи и компјутерот во болницата бидејќи имало големи нелогичности и недоследонсти во времето на лекувањето и настапувањето на смртта имало два различни часа.

Согласно извештајот, причинско последична врска е пневмонија кај девојчето кое го воспалило срцевиот мускул и тоа предизвикало срцев удар. Јанаки вели дека дека пневмонијата е од наводно прележан ковид во јануари, за што немаат конфирмација, односно позитивен тест, а има позитивен тест од август 2022 година, додека тие одат на претпоставка дека имала симптоми на ковид, а сите знаеме дека симптомите на ковид се слични на многу состојби. Сомневањата на родителите се дека инфарктот го предизвикале инфузиите дадени при покачен шеќер. Во самиот извештај се третира дека има на црниот дроб невообичаено висок шеќер, но тоа не е посебно истражувано во тој правец, објаснува адвокатот Јанаки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…