Синдикатот на УЈП утре ќе достави предлог за нов медијатор, Јовевски побарал изземање
Синдикатот „Солидарност“ – УЈП утре најверојатно ќе испрати предлог за нов медијатор до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) откако денеска назначениот помирувач Лазар Јовевски побарал изземање.
Како што изјави за МИА претседателот на синдикатот Васе Недановски, Јовевски бил во странство и не можел да се врати во рокот од три дена, кога треба да постапи.
-Помирувачот се иззема. Бил во странство, а рокот за да постапи му е три дена. Во тој период не можел да се врати. Утре ние треба да предложиме некого, да пуштиме писмо до Министерството за труд и социјална политика, рече Недановски за МИА.
Вицепремиерот за економски пршања Фатмир Битиќи смета дека вработените во УЈП сепак нема да стапат во генерален штрајк. Тој е оптимист и се надева, истакна денеска, дека ќе се најде решение.
-Генерален штрајк не би требало да се случи зашто вработените во УЈП, како и сите други вработени во јавниот сектор, заслужуваат достоинствени плати, изјави Битиќи.
Синдикатот „Солидарност“ – УЈП засега не отстапува од одлуката за генерален штрајк доколку нема зголемување на платите за 30 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бомба на новиот известувач на Европскиот парламент…
Ова се наведува во нацрт-резолуција на Европскиот…
Путин: Средба со Трамп е сосема можна…
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека…
Велика Британија почна да ги одбива украинските…
Обединетото Кралство почна да ги одбива барањата…
ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да…
Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието…
Грчки министер поднесе оставка поради истраги за…
Грчкиот министер за миграција Макис Воридис денес…