Објавено на:

Бектеши потврди: Евтината тарифа на струјата се враќа од 1 декември

t

Од 1 декември ја враќаме евтината тарифа за електрична енергија, напиша денеска министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил, откако Регулаторната комисија за енергетика ја објави одлуката за дневната тарифа и новата цена на струјата.

Од Министерството за економија го пренесуваат постот на Бектеши и наведуваат дека нема зголемување на цената на струјата.

– Како што објави Регулаторната комисија денеска вкупната цена на електрична енергија од 1 јули во првиот блок се намалува за 7,04 отсто. Вкупната цена на електрична енергија во вториот блок се намалува за 4,09 отсто. Цената на струјата во третиот блок се зголемува за 2,54 отсто и во четвртиот блок за 2,42 отсто. Цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични, се наведува во соопштението од Министерството за економија.

Евтината тарифа на електричната енергија ќе важи од 1 декември од 13 до 15 часот, а новата цена на струјата од 1 јули годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…

По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Трамп даде по 100 долари на 20…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…