СЗО: Околу 36 милиони Европејци страдаат од долготрајни последици на Ковид
Скоро 36 милиони луѓе во европскиот регион, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, според европскиот огранок на Светската здравствена организација, можеби развиле долгорочни здравствени последици откако биле заразени со коронавирус.
Во просек, тоа значи дека во последните три години приближно еден од триесет Европејци почувствувал или се уште има такви последици, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на конференцијата што се одржа денеска во Копенхаген.
Клуге истакна дека треба да се направи многу повеќе за подобро да се разбере таканаречениот долг ковид. „Долгиот ковид останува сложена здравствена состојба за која сè уште знаеме многу малку“, рече Клуге, додавајќи дека без развој на сеопфатна дијагностика и форми на лекување, општеството никогаш нема вистински да закрепне од пандемијата.
СЗО во европскиот регион опфаќа вкупно 53 земји. Покрај членките на ЕУ, таа вклучува и земји источно од Европската унија, сè до Централна Азија.
Долг ковид е термин кој се користи за опишување на симптоми кои се развиваат и перзистираат по акутната фаза на болеста (која трае четири недели) или повторно се појавуваат по одредено време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната европска пензија во 2022 година била…
Пензиите се главен извор на приход за…
Кина: Го поддржуваме планот на Украина, Европа…
Кина го поддржува 30-дневниот прекин на огнот…
Џеј Ди Венс: САД и Европа се…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес изјави…
РЕКОРД: Бројот на банкроти во Европа на…
Бројот на банкроти во Западна Европа минатата…
Лавров: Речиси цела Европа води војна против…
Речиси цела Европа води војна против Русија…