Објавено на:

Украина доби оклопни возила и муниција од САД: Зеленски им се заблагодари на Бајден и војниците за “секој уништен окупатор”

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за новиот пакет помош кој Украина го доби од САД.

-Денес имаме нов одбранбен пакет од САД за нашите воини. Оклопни возила и муниција за Patriots, Stingers и HIMARS. Дополнителни гранати за нашата артилерија. Му благодарам на господинот претседател Бајден, на Конгресот, на двете партии и на сите Американци!

Линијата на фронтот. Нашите херои, нашите активни акции. Денеска имаме и напредок! Во сите правци каде што спроведуваме офанзивни операции. Ви благодариме, воини! Денес имаме важни резултати во одбивањето на руските напади. Многу сум ви благодарен!

Денеска сакам да оддадам посебна почит на славната 3-та одделна јуришна бригада, силната 28-ма посебна механизирана бригада, херојската 54-та одделна механизирана бригада и цврстата 57-ма одделна моторизирана пешадиска бригада. Ви благодарам на сите вас, воини! Добро сторено!

Ви благодариме за секој уништен окупатор и за секој спасен живот на Украина!
Слава на нашите херои! Благодарам на сите во светот кои не се плашат од руските терористи и заедно со нас ја враќаат безбедноста во светот!
Слава на Украина! – рече во видео-обраќање украинскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…