(Видео) Епископот Јаков Стобиски и преку видеообраќање повика на протестот на МПЦ-ОА против спорните предлог-закони

t

„Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да ја изговориме и исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството и да ја одбраниме слободата која не ни е дадена тукутака, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена. Премногу скапа за да станеме робови на луѓе, на некакви човечки идеологии спротивни на духот на евангелието“, вели епископот Стобиски во видеообраќањето.

По вчерашната прес-конференција, викарниот епископ Јаков Стобиски денеска и преку видеообраќање ги повика луѓето да излезат на протестот под мотото „Имаме должност“ најавен за утре, а кој го организира Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Непосреден повод за протестот се предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција во кои МПЦ-ОА гледа загрозување на правото на вероисповед, редефинирање на целото општество и ограничување на слободата на говор.

„Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да ја изговориме и исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството и да ја одбраниме слободата којашто не ни е дадена тукутака, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена. Премногу скапа за да станеме робови на луѓе, на некакви човечки идеологии спротивни на духот на евангелието“, вели епископот Стобиски во видеообраќањето.

На вчерашната прес-конференција, организирана во пресрет на протестот, епископот Јаков во својата изјава најмногу се задржа на формулацијата на значењето на најавениот протест, односно дека овој собир не е насочен против никого, а најмалку против ЛГБТИ+ лицата, туку против содржината на предлог-законските измени за родова еднаквост и за матична евиденција.

„Ние не сме против никого, особено не против остварувањето нечии права. Протестираме за тоа што е спорно во законите, сметаме дека сериозна реализација можеби ќе придонесе за поголемо остварување на нечии права, поединци, но тоа сериозно би ги загрозило правата на мнозинствата, или 99 проценти од населението во Македонија“, рече вчера епископот Стобиски.

Во однос на тоа што конкретно ѝ пречи на Црквата во овие предлог-закони, епископот се задржа на две најважни точки. Првата, според него, се измените на Законот за матична евиденција со кои се дозволува менување на полот со изјава на нотар, која би се базирала на субјективни и индивидуални чувства на поединецот. Според Стобиски, полот и родот се заемно сврзани и постојат само два – машки и женски. Втората најважна работа, за МПЦ-ОА, е ограничувањето на слободата на говорот, која според Црквата се предвидува преку членот за родово-сензитивниот јазик.

Ден претходно Извршниот одбор на СДСМ одржа седница на која, како што соопштија од партијата била отворена дискусија за „аспектите отворени во јавноста за законот за родова еднаквост и законот за матична евиденција“.

Во врска со предлог-законот за матична евиденција, од СДСМ посочуваат дека Владата го повлекла од собраниска процедура во март 2022 година за да се направи дополнителна консултација заради исполнување на очекувањата на целото општество. За законот за родова еднаквост, според заклучокот на ИО, од владејачката партија сметаат дека консултативниот процес треба да продолжи, со проширување на јавната дебата со сите засегнати страни.

Прашан за коментар на одлуките на партијата и дали како црква МПЦ-ОА ќе учествува во јавната дебата, епископот Јаков Стобиски, на прес-конференција рече дека одлуката на ИО на СДСМ е за поздравување, иако станува збор за партиска одлука и дека сега на потег е Владата со сите нејзини механизми.

Инаку, покрај денешното видеообраќање на епископот Јаков Стобиски, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ ОА) во понеделникот објавија видеопорака од г. г. Стефан, кој ги повика православните верници, но и сите други граѓани на сенароден собир на 29 јуни пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје против законот за родова еднаквост и законот за матична евиденција.

„Возљубени, секој од нас, но и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци и како посебност и како сечовечко наследство и предание да го продолжиме и да го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа го чуваме не само минатото, туку обезбедуваме и иднина како припадници и на својот народ и на општочовечката заедница. Бранејќи ги и чувајќи ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме своите обврски и кон Бога и кон својот род“, вели поглаварот на МПЦ ОА во своето видеообраќање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…

Украина и Русија договорија размена на заробеници,…

Украина и Русија договорија поголема размена на…

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…