Објавено на:

Ројтерс: Шведската полиција дозволи да се пали Куран пред џамија во Стокхолм

t

Шевдската полиција дозволи денеска да се одржи мал протест пред џамијата во Стокхолм, на кој организаторите ќе го искинат Куранот и ќе го запалат, што може дополнително да го искомплицира обидот на Шведска за влез во НАТО, пишува Ројтерс.

Серијата протести во Шведска против исламот и за правата на Курдите ги зголемија тензиите со Турција, чија поддршка Шведска треба да добие за да се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор.

Претходно, шведската полиција одби неколку барања за протести против Куранот, но судовите ги укинаа тие одлуки, тврдејќи дека ја нарушуваат заштитената слобода на говорот.

Полицијата објави дека иако тоа „може да има надворешнополитички последици“, безбедносните ризици и последици поврзани со палењето на Куранот не се од таква природа што барањето треба да се одбие.

Според полицијата во Стокхолм, на протестите се очекува да учествуваат само две лица, вклучително и организаторот Салван Момика, кој во едно неодамнешно интервју за весник се опиша себеси како ирачки бегалец кој сака да го забрани Куранот.

На крајот на јануари, Турција ги прекина преговорите со Шведска за аплицирање за членство во НАТО, откако Расмус Палудан, шеф на данската екстремно десничарска политичка партија, запали копија од Куранот во близина на турската амбасада во Стокхолм.

Палудан да не учествува на денешниот протест.

Неколку арапски земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Јордан и Кувајт, го осудија палењето на Куранот во јануари. Турската амбасада во Стокхолм не беше достапна за коментар.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави претходно денеска дека неговата земја сè уште сака да се приклучи на НАТО пред или на самитот во Вилнус следниот месец, иако не е сигурно дека дотогаш ќе може да го направи тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…

Хрватска планира да ги зголеми средствата за…

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…

На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Бидејќи и вака се пласира од страна…

Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…

Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…