Брозовиќ се мајтапи со Арапите како никој досега!
Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ ја одби понудата од Ал Наср за тригодишен договор со плата од 20 милиони евра по сезона, иако Интер веќе се договори со екипата од Саудиска Арабија за трансфер вреден 23 милиони евра.
Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека проблем била платата која ја нуди Ал Наср, односно Хрватот побарал 30 милиони евра по сезона, а ова предизвика урнебесна реакција од Хрватот.
Навивачка на Интер го означи Брозовиќ во коментар на Инстаграм и напиша дека Хрватот бара 40 милиони евра, а потоа реагираше и фудбалерот кој напиша „50 милиони се доволно“.
За услугите на Брозовиќ е заинтересирана и Барселона, која на Интер му нуди 15 милиони евра за трансфер плус еден фудбалер.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија официјално потврди присуство на Евровизија 2027…
Македонија и официјално го потврдила своето враќање…
Крај за глувците во лабораториите! Британски научници…
Наместо врз животни, научниците ќе тестираат лекови…
(Видео) „Боинг“ едвај полета во Минхен: За…
Аеродромот во Минхен за малку избегна катастрофа…
Пет мажи упаднале во двор на татко…
Инцидент во дворот на семејна куќа во…
Мавале со тврди и стаклени предмети –…
Кривично ќе се гонат пет лица за…