Гир за писмото на австрискиот амбасадор: Ние како дипломати треба да промовираме позитивна средина за инвестирање овде

t

Евроамбасадорот Дејвид Гир не го коментираше писмото на австрискиот амбасадор Георг Вуцас, кој преку допис до медиумите, практично си нарача пресуда во случај меѓу

-Како што реков не сакам да коментирам конкретно за ова писмо, очигледно е важно дека ние како дипломати да дадеме се од себе за да промовираме позитивна средина за инвестирање, затоа што тоа е во заеднички интерес на бизнисите од ЕУ, но исто така и за граѓаните и бизнисите овде.

Како што знаете ние ЕУ, како и земјите-членки сме многу ангажирани во областа на владеењето на правото и судските реформи. Една од причините за тоа е да се осигураме дека има атрактивна бизнис средина овде, за да имате повеќе странски директни инвестиции во градовите, кои им носат работни места и други практични бенефиции на граѓаните кои живеат овде, рекол денеска Гир, одговарајќи на новинарско прашање.

Вуцас вчера побара да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „ДЕНА трејд“ за производство на корнишони, поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Заев во изјава за Инфомакс вчера апелираше австрискиот амбасадор да не го поврзува неговото име со приватни спорови меѓу компаниии кои немаат врска со него и кажа дека доколку уште еднаш амбасадорот го спомне неговото име во ваков контекст ќе мора да го тужи за навреда и клевета и за нарушување на честа и угледот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…