Објавено на:

Мадона итно префрлена во болница: Откажана светската турнеја на пејачката

t

Американската пејачка Мадона беше итно пренесена во болница во саботата, откако беше пронајдена во несвест, а потоа интубиирана на интензивна нега најмалку една вечер пред да биде извадена цевката, изјави денеска нејзиниот менаџер.


Пејачката сега е будна и се опоравува, а покрај неа цело време била нејзината ќерка Лурд Леон, пренесуваат американските медиуми.
Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Озири, денеска објави дека Мадона имала „сериозна бактериска инфекција што доведе до неколкудневен престој на интензивна нега“.


„Се уште е под надзор на лекарите. Очекуваме целосно закрепнување“, рече Озири.


На почетокот на оваа година, Мадона објави дека ќе започне турнеја во чест на 40-годишнината од нејзината музичка кариера.
Светската турнеја од 84 датуми требаше да започне на 15 јули во Роџерс Арената во Ванкувер, но Озери објави дека е одложена поради загриженост за здравјето на пејачката.
„Ќе споделиме повеќе детали со вас веднаш штом ги имаме, вклучително и новиот датум на започнување на турнејата и презакажаните претстави“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мадона итно префрлена во болница: Откажана светската…

Американската пејачка Мадона беше итно пренесена во…

Мадона: Поп-кралица или секси-грешница – провокативна идеја…

Светски икони - мода, филм, музика, стил(6.1)…