Нов инцидент: Фрлена експлозивна направа кон полициски пункт во Северна Митровица, нема повредени
Експлозивна направа во раните утрински часови била фрлена на киоск во улицата „Колашинска“ во Северна Митровица, кој косовската полиција го користела како контролен пункт, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.
Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, вели дека во моментот на нападот во овој импровизиран пункт немало полицаец.
„Се верува дека експлозијата била предизвикана од пиротехнички средства во комбинација со запалив материјал“,
вели Елшани.Тој рече дека нема извештаи за повредени и дека е причинета само материјална штета.
Еден ден претходно косовскиот премиер Албин Курти, придружуван од министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, ги посети полицајците во оваа општина.
Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, таа посета ја сметаше за провокација.
Во северно Косово во последно време зачестија нападите со шок-бомби, рачни гранати и камења, главно врз објектите на четирите тамошни општини и полициските патроли откако косовските власти извршија апсење на неколкумина водачи на локалните Срби, осомничени за терористички дела, меѓу кои напади врз новинари, врз припадници на полицијата и на Меѓународните мировни сили во Косово, КФОР.
Во северно Косово од крајот на мај има зголемени тензии поради одлуката на косовските власти да ги преземат општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, со цел градоначалниците Албанци да имаат пристап до нивните канцеларии. Србите, кои го сочинуваат мнозинството во тие општини, остро се спротивставија затоа што ги бојкотираа априлските избори и не ги прифаќаат резултатите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на…
Италијанскиот премиер Џорџa Мелони предложи заедничка иницијатива…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…