Левица: Антимакедонската концепција на Царовска продолжува да се реализира

t

Погубната концепција за основно образование на Царовска, која беше најавена кон крајот на 2020 година, се реализира со жестоко темпо.

Она на што уште од почеток од Левицата како политичка партија предупредувавме беше дека оваа т.н. концепција нема ниту намера ниту потенцијал да го подобри системот на образование, веќе е сè поочигледно, истакнуваат од оваа партија.

„Вистинската намера е перфидно разнебитување на руинираниот образовен систем и што е најлошо – бришење на историјата, континуитетот и идентитетот на македонскиот народ. Веќе се бришат содржините што се однесуваат на историјата на македонскиот јазик од електронските изданија на учебниците (на пр., од учебникот за седмо одделение), а во шесто одделение се воведува хибридниот предмет историја и општество, каде што во истиот неделен фонд на часови се вметнуваат содржини од географија и граѓанско образование“, информираат од Левицата.

Според оваа партија, во услови кога официјална Софија усвојува резолуции со кои македонскиот јазик се сведува на дијалект на бугарскиот јазик, пробугарските СДС и ДУИ самоиницијативно го бришат предметот историја на македонскиот јазик од наставната програма.

„Додека внукот на Ахмети купува државен имот за нула денари, одвај полнолетниот син на Заев отвора компании за електрична енергија и додека сопругата на Ковачевски добива државно земјиште за багателни цени – единствената реформа на неспособната владејачка гарнитура е бришење на антифашистичкото минато на македонската нација. Односно, единствената визија за европска иднина на квислиншката СДС е прифаќање на сите негаторски услови по македонскиот идентитет – од страна на странските и домашните шовинистички елементи“, додаваат од Левицата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…