Конечно падна договор: Мејсон Маунт во Манчестер јунајтед за 60 милиони фунти!
После еден куп натегања и одбивања на понуди, Манчестер јунајтед и Челси конечно се договорија – Мејсон Маунт се сели на „Олд Трафорд“.
Англискиот репрезентативец во Јунајтед доаѓа за вкупни 60 милиони фунти и офанзивниот фудбалер за врска беше еден од приоритетите на Ерик Тен Хаг, но до денеска трипати Челси ги одбиваше понудите како недоволни кои доаѓаа од Манчестер.
Маунт уште од поодамна има договор за личните услови со Јунајтед, па конечно великанот од „Олд Трафорд“ најде заеднички јазик со лондончани за да се реалзиира трансферот.
Челси добива 55 милиони фунти за трансферот и уште пет милиони во бонуси, а Маунтго доби зелено светло за да ги мине лекарските прегледи и да ги заврши со формален потпис договорот за следните неколку години.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…
Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…
Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…
Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…
Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…
Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…
МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…