(Фото) Момче и девојче со два транспаренти го одбележаа протестот во Скопје

t

Да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили – децата, од неприфатливи и наградувачки нови идеологии.

Секуларното општество не значи и безбожно општество, порача поглаварот на МПЦ ОА, Г.г. Стефан од народниот собир против законите за матична евиденција и родова еднаквост.

Под слоганот „Имаме должност, архиепископот охридски и македонски порача дека го разбираат стравот на родителите за нивните деца ако овие закони станат обврзувачки. Ставот на црквата е дека овие закони се дел од нова идеолошка пропаганда, со која се подметнува поимот Род, кој се изопачува од она што досега бил.

Аргументацијата на новиот закон за родова еднаквост се повикува на паравата на жените, но всушност е насочена на правата на трансродовите индивидуи, порача академик Катица Ќулафкова.

Поддржувачи на идејата на МПЦ и верници од цела Македонија се собраа пред Соборниот храм, за да се спротивстват на донесувањето на овие закони. Велат дека не смее да се дозволат законски решенија кои го рушат семејството.

Поддршка на собирот даде и бискупот на Католичката црква, Киро Стојанов, кој лично се појави пред Соборниот храм. Од ИВЗ дадоа морална поддршка, но поради нивниот празник, одлучија да не присуствуваат.

Во мај петте регистрирани верски заедници во земјава заеднички побараа повлекување на законите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…