Лукашенко побара од платениците на Вагнер да ги обучуваат белоруските војници

t

Белорускиот претседател Александар Лукашенко покани платеници од групата Вагнер во неговата земја за да ја обучуваат белоруската армија, а поканата е упатена за време на говорот посветен на Денот на независноста на Белорусија, пренесе државната новинска агенција Белта. Белорускиот лидер најави и дека во наредниот период следи „воено-политичка криза од светски размери“.

„За жал, тие (платениците на Вагнер) не се тука. И ако нивните инструктори, како што веќе им кажав, дојдат и ни дадат борбено искуство, ние ќе го прифатиме тоа искуство“, рече тој.

Повикот на Лукашенко доаѓа само седум дена откако белорускиот лидер ја презеде заслугата за задушувањето на вооружениот бунт на силите на Вагнер против Москва.

Во неверојатниот и неочекуван след на настани кои претставуваа најголема закана за рускиот претседател Владимир Путин во изминатите години, лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги насочи своите сили кон главниот град на Русија, преземајќи ја контролата врз воените инсталации во два руски града.

Кризата беше ублажена дури откако Лукашенко посредуваше за договор Пригожин да се пресели во Белорусија. Како дел од истиот договор, трупите на Вагнер добија можност да се пријават во руската војска или во агенциите за спроведување на законот, да се вратат кај семејството и пријателите или да одат во Белорусија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…