ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СО ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје започнаа со реализација на тековните викенд-активности за собирање и транспорт на отпадот од поставените контејнери и канти во сите скопски општини, како и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини.
Активностите се одвиваат и во централното градско подрачје – на улицата и плоштадот Македонија, како и на кејот „13 Ноември“, каде што се врши рачно метење и празнење на корпите наменети за одлагање ситни отпадоци, додека истовремено се реализира и рачно метење под надвозникот на булеварот Гоце Делчев.
Воедно во текот на денешниот ден, екипите на Претпријатието извршија подигнување и транспорт на речиси 30 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците Mетодија Митевски, Вуковарска и Благоја Паровиќ во скопската општина Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Барди се враќа во почетниот состав, Седлоски…
Фудбалската репрезнтација на Македонија вечерва од 20:45…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Со 2,78 промили алкохол во крвта бил…
На 03.10.2026 во 01:00 часот полициски службеници…
Професор Атанасовски: Тоа не се коски на…
Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност…
Станкова освои злато: Македонската гордост победи среде…
Македонскиот женски бокс бележи уште еден огромен…