(Фото) Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на средба во американската амбасада

t

Иако не беше објавено на проопозициските медиуми во Македонија, вчера група на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ присуствувале на средба во американската амбасада.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се сретнале со заменик американскиот амбасадор во Македонија, Ерик Мејер.

-Заменик-шефот на мисијата Ерик Мајер беше домаќин на група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за да разговараат за актуелните политички случувања, можности и предизвици и како САД можат да продолжат да ја поддржуваат Македонија, стои во објавата на официјалната Фесјбук страница на амбасадата.

Како што неофицијално дознаваме на средбата се разговарало и на тема Европски интеграции на Македонија и било посочено од колкава клучна важност е државата да продолжи на европскиот пат во време кога на Европскиот континент се води најголемиот конфликт од крајот на Втората Светска Војна.

На средбата со заменик амбасадорот на САД присуствуваше поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, пратениците Бојан Стојановски, Ели Панова, Зоран Јованчев и заменик претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во Драчево: Татко претепал ќерка додека…

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за…

ВМРО-ДПМНЕ ја претвора Македонија во подрачна единица…

Состојбата кај македонската дипломатија не може да…

300 лекари од Клинички од 1 јули…

Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави…

Иранското нуклеарно познавање не може да биде…

Иран изјави дека неговото нуклеарно познавање не…

(Видео) Данела повторно се вклучи во живо:…

Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата…