Муамеди: Ако македонските политички партии имат страв дека некоалиционирање со албанска партија ќе доведе до некаков конфликт и дека како држава не сме спремни за таков конфликт тогаш нека си ја предадат државата
Во ниту еден пишан акт не се предвидува дека во секоја влада мора да има политичка партија од албанскиот блок а и обратно во секоја влада да има и партија од македонскиот блок, тоа е само обичај воспоставен уште од времето на првите избори и пропаганда и страв кој го сее ДУИ. Ако македонските политички партии имат страв дека евентуалното некоалиционирање со албанска партија ке доведе до некаков конфликт и ако сметат дека како држава не сме спремни за таков потенцијален конфликт тогаш нека си ја предадат државата. Некоалиционирањето со албанските партии не може да се смета како албанофобија бидејки истите тие партии го немат легимитетот од самите албанци, со оглед дека тие партии заедно немат ниту 35 проценти од албанското гласачко тело. Но истото би важело и во случај Албанците да можат сами без партии од македонскиот политички блок да колицираат дека тоа би можело да го направат. Поентата ми е дека македонските политички партии треба да се ослободат од стравот дека евентуалното неколиционирање со албанска политичка партија (особено ДУИ) би довело до некаков конфликт или би се сметало како албанофобија. Дека коалициите треба да се базираат на програма, идеологија и принципи.
(фејсбук статус на Умејр Муамеди)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно…
Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до…
Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин:…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50…
Лажеле дека купуваат трактори, трвделе дека се…
Неправилности при користењето на финансиската поддршка во…
Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште…
Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг,…
Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…
Прекин во услугите на Microsoft на 12…