Објавено на:

Бомба во најава: Нејмар се враќа во Барселона?

t

Најскапиот светски фудбалер Нејмар после шест години многу веројатно е дека ќе се врати во Барселона, најави Калид Валид од „Беин Спорт“, откако ПСЖ и каталонската гордост постигнале наводно начелен договор за трансфер.

Нејмар замина од Барселона во 2017 година за сѐ уште светски рекорден трансфер од 222 милиони евра, но веќе подолго време не е најомилен кај навивачите на ПСЖ, кои дури и протестираа пред неговата куќа во мај годинава барајќи да си замине од „Паркот на принцовите“.

Според нинформациите на Валид, Нејмар би можел да дојде во Барселона на заем, зашто нема шанси Барселона среде најголемата финансиска криза да плати трансфер отштета, но комплетирањето на трансферот сепак најмногу ќе зависи од конечниот договор за платата, а само еден услов за реализација е можен – ПСЖ да исплаќа најголем дел од платата.

Нејмар во Париз има плата над 40 милиони евра, нешто што Барса не може да го исполни за да го земе на заем и комплетно да го плаќа.

Дали ќе постигант договор парижаните и каталонците останува времето да покаже, но ПСЖ почнува нова ера и Нејмар не е во плановите, а францускиот гигант бара фудбалерот после едногодишниот заем задолжително да биде откупен.

Барса летово поради финансиската криза не успеа да го донесе Лионел Меси, зашто не можеше да гарантира дека ќе успее да го регистрира, од истата причина поради која го загуби аргентинецот во 2021 година, кој сега се сели во Интер Мајами.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…