Полска испраќа дополнителни 500 полицајци на границата со Белорусија
Полска ќе испрати 500 полицајци на границата со Белорусија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Мариуш Камински.
Полската гранична полиција денеска соопшти дека 187 лица вчера се обиделе илегално да преминат во Полска од Белорусија.
Поради тензичната ситуација на границата со Белорусија, решив да ги засилиме нашите сили со 500 полски полицајци од превентивните и антитерористичките единици, напиша Камински на Твитер.
Тие ќе им се придружат на пет илјади гранични полицајци и две илјади војници кои ја обезбедуваат оваа граница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…