Објавено на:

“Ја пуштија низ вода”? Германски дипломат предложи три алтернативи за Украина, наместо влез на земјата во НАТО

t

Поранешниот шеф на Минхенската безбедносна конференција, германскиот дипломат Волфганг Ишингер, во напис за Политико, навести дека на самитот во Вилнус, наместо да ѝ вети на Украина дека ќе влезе во алијансата, НАТО би можел да му понуди на Киев една од трите алтернативи, вклучувајќи ја и Украина може да ги искористи предностите на Алијансата без официјален влез.


„Алијансата може да ѝ ги понуди на Украина сите практични и конкретни опции и можности што ги вклучува членството во НАТО – од снабдување и целосно учество во програми за оружје и опрема до обука и учество во вежби, размена на разузнавачки информации, комуникации и следење, но без формално членство во НАТО. “, напиша Ишингер во напис за Политико.

Две други опции предложени од поранешниот шеф на Минхенската конференција вклучуваат можност Украина да изгради долгорочна билатерална соработка со земјите-членки на НАТО и опција што тој ја нарекува „одбранбена ескалација“. Тој имплицира можност за ветување на НАТО дека наводните руски напади врз цели во Украина секој пат ќе „доведат до конкретни одговори од Западот – од обезбедување муниција и оружје до снабдување со понапредни балистички системи или системи со долг дострел“.
Овогодинешниот самит на НАТО ќе се одржи во Вилнус од 11 до 12 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…