Нова снимка од Пригожин: Бунтот е насочен против предавниците, очекуваме нови победи!
Во аудиоснимка за која се тврди дека е од првиот човек на паравоената формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин ,тој вели дека неговиот „марш на правдата“ бил насочен „против предавниците“ и дека очекува „нови победи“.
Снимката ја објави канал на „Телеграм“ кој според руските медиуми е тесно поврзан со групата „Вагнер“.
„Денес, повеќе од кога било, ни е потребна вашата поддршка. Ви благодарам за тоа. Сакам да разберете дека нашиот марш на правдата имаше за цел да се бори против предавниците и да го мобилизира нашето општество. И мислам дека постигнавме многу“, вели наводно Пригожин на снимката.
„Во блиска иднина, сигурен сум дека ќе ги видите нашите нови победи на фронтот. Ви благодарам, момци“, рече тој.
Не е јасно на чии победи тој се повикува. Не е ниту познато кога е снимено аудиото, а неговата последна потврдена изјава беше објавена на 26 јуни. Откако заврши краткотрајниот бунт против руските власти, Пригожин рече дека „Вагнер“ се покажал како најефикасна руска борбена формација во војната во Украина.
Пригожин последен пат беше виден во јавноста во возило во Ростов на Дон на 24 јуни, додека бунтот сè уште траеше.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов „Вагнер“ на повидок? Путин го потпиша…
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот…
Бела куќа: Вагнер сaка да обезбеди противвоздушна…
Белата куќа денеска соопшти дека руската платеничка…
Поранешни членови на Вагнер тренираат со Чеченците
Поголема група поранешни членови на приватната руска…
Песков: Вагнер повеќе не постои
Кремљ денеска ги отфрли написите на „Волстрит…
(Фото) Споменик на Вагнер се појави на…
На местото каде што загина основачот на…