(Вознемирувачко видео) Шокантна снимка од Бахмут: Руски војник се обиде да се саморазнесе и да го земе непријателот со себе
На социјалните мрежи кружи страшна снимка од линијата на фронтот кај Бахмут на која се гледа како ранет војник се обидува да ги разнесе своите противници.
На краткото и многу вознемирувачко видео се гледа како ранет војник, чија нога е во завои, лежи со лицето надолу на земја. Неговиот другар видно трепери од страв додека им се предава на противниците.
Војникот кој го снима фаќањето приоѓа со намера да ја извади пушката од ранетиот, но во тој момент гледа дека цело време држи бомба под себе.
– Граната – извикал војникот и веднаш испукал рафал кон ранетиот.
Потоа се свртел и почнал да трча додека зад него одекнала експлозија.
Наводно вознемирувачката сцена е снимена на дел од фронтот кај Бахмут.
Во видеото се наведува дека повредениот бил припадник на руските сили, но тоа не може со сигурност да се потврди бидејќи на униформите нема никакви ознаки.
– Смртта е подобра од срамот. Ранет руски војник се обидел да се разнесе со граната додека чекал да се приближи непријателски офицер. Вечна слава на нашите маченици – се наведува во објавата.
Засега не се знае точно кога е направена снимката.
— Pluton (@Pluton45873221) July 3, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…