Дрин Ахмети бара јавно извинување од Касами, во спротивно ќе го тужи

t

Директорот на  “Тхор Индустриес”, Дрин Ахмети и внук на претседателот на ДУИ Али Ахмети  најави дека ќе го тужи претседателот на партијата БЕСА и градоначалник на Тетово, Биљал Касами ако јавно не се извини за обвинувањата кои денес ги изнесе на прес конференција за работењето на компанијата.

„Во врска со прес-конференцијата оддржана од страна на претседателот на партијата БЕСА и градоначалник на Тетово Биљал Касами, сакаме да ве информираме дека се работи за комплетна невистина и погрешна пласирана информација во јавноста. ‘Тхор Индустриес’ ги демантира сите невистини искажани од господинот Касами кои наведуваат на неетичко работење поврзани со компанијата“, стои во соопштението до јавноста од Дрин Ахмети.

Според него овие тврдења на Касами се целосно невистинити, кои нанесуваат штета и на компанијата и на неговиот личен углед.

„Ваквите лажни тврдења прават штета на компанијата, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмети.  ‘Тхор Индустриес’ бара јавно извинување од страна на партијата БЕСА и господинот Касами, во спротивно ќе ги превземе сите правни дејствија за претрпената штета од невистините изнесени од страна на господинот Касами“, стои во соопштението од Дрин Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Левица: Касами повика на рушење на уставниот…

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Левица: Касами ќе го реновира стадионот во…

„Во јули 2016 година, ‘Еколог интернешнл’, сопственикот…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…