Курти се жали: Неправедни се мерките на ЕУ кон Косово
Косовскиот премиер Албин Курти му порача на пратеникот на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак дека казнените мерки на ЕУ против Косово се неправедни и дека поради нив дијалогот е асиметричен.
Владата на Косово соопшти дека на средбата Курти изразил посветеност за деескалација и нормализација на ситуацијата на северот. Курти рече дека Владата на Косово не придонесува за ескалација и дека косовската полиција „само го спроведува законот и се грижи за јавната безбедност“.
„Курти потврди дека косовската полиција стационирана во општинските згради не презела дејствија во близина на тие згради“, се вели во соопштението.
Се додава дека Курти, кога станува збор за вонредните избори, рекол дека законот за локална самоуправа јасно го покажува патот по кој треба да се оди и дека Владата на Косово ги поддржува процедурите утврдени со закон.
Во однос на нормализацијата на односите со Србија, според Курти, „гаранција е целосното и безусловно спроведување на Основниот договор, кој носи добрососедски и европски односи за двете земји“, се додава во соопштението.
Минатата недела ЕУ ги потврди мерките против Косово за непреземање чекори за деескалација на ситуацијата на северот на Косово. Иако ЕУ не го користи терминот санкции, мерките кон Косово се санкции во целосна смисла на зборот, бидејќи подразбираат прекин на средбата во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
Тие, исто така, ги суспендираат претпристапните програми на ЕУ и ги суспендираат чекорите за ревизија на проектите поднесени од Косово за финансирање од Инвестициската рамка на Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали поранешен советник на Заев е вмешан…
Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…
На Исланд референдум за продолжување на преговорите…
Исланѓаните денеска на референдум треба да се…
Јадранка Косор повика Хрватска да ги блокира…
Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор ја повика…
Бугарија доби 489,3 милиони евра од ЕУ…
Бугарија денес ја доби првата исплата од…
Курти: Секој километар пат што нè зближува…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…