ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ со нас да потпише барање за истрага на сите функционири

t

Во реакцијата на ДУИ кон ВМРО-ДПМНЕ, „поради фабрикување на лажни вести“, таа партија, како и другите партии се повикуваат да потшишат заедничка иницијатива: „ДУИ ги повикува сите политички партии да потпишеме иницијатива до Јавното обвинителство како и до меѓународни институции за целосна истрага на сите наши функционери, власт и опозиција, во последните 20 години како и да поддржат целосен ветинг во политиката, судството и обвинителството“.

„Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ е оддамна прерасната во фабрика на лажни вести и пропаганда налик на гебелсовата, тие креираат непостоечко прашање и го повторуваат додека не започнат и самите да му веруваат. Лажни вести за албанскиот јазик, лажни вести за мигранти, за Преспанскиот договор, за бугаризација, за инфлацијата, за Коридорот 8, за енергетската криза, за пандемијата, за Данела Арсовска, за наводна корупција, како и за многу други теми.

„ВМРО покрај лажните вести, јасни и гласно наговести, дека ги игнорира сите совети и напори на меѓународната заедница за продолжување на европскиот пат на нашата земја. ВМРО ДПМНЕ планира да ја изолира нашата земја и да ја врати заробената држава“, се вели во реакцијата на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ГИ ПРЕДУПРЕДИЛЕ ИЗРАЕЛ И ЗЕМЈИТЕ ОД…

Соединетите Американски Држави испратиле предупредување до Израел…

Иран тврди дека четири танкери биле погодени…

Иранските воени власти на 12 ноември соопштија…

(Видео) Поранешена портпаролка на Зеленски: Тој е…

Јулија Мендел, поранешната портпаролка на украинскиот претседател…

Струјата и гасот поевтини од европскиот просек,…

Во услови на продолжена енергетска неизвесност и…

Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема…

Еден сомнителен случај на морбили има во…