(Видео) Пороен дожд и град го зафатиja Штип, без струја повеќе населби
Пороен дожд и град проследени со силни грмотевици го зафатиja градот Штип. Околу половина час без струја се жителите на поголемите штипски населби Сењак, Осми Ноември. По невремето поплавени се дворот на црквата „Свети Никола“, како и улицата и паркинг просторот пред еден од влезовите.
Материјална штета нема, а во моментов водата се повлекува во атмосферската канализација. Поради надојдената вода од населбите кои се во високите зони улиците во централното градско подрачје се со наноси од песок и камења.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека на терен ќе излезат екипите на штипските јавни претпријатија за да ги исчистат улиците, а дополнително и ќе информира дали има пријавено штети од страна на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Поранешена портпаролка на Зеленски: Тој е…
Јулија Мендел, поранешната портпаролка на украинскиот претседател…
Струјата и гасот поевтини од европскиот просек,…
Во услови на продолжена енергетска неизвесност и…
Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема…
Еден сомнителен случај на морбили има во…
Последната наредба војникот Т. Славески ја доби…
Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко…
БОР Е ВТОР ГРАД СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ…
Српскиот град Бор, познат по своите големи…