Тендерите за набавка на инсулин доцнат, дијабетичарите се оставени сами да се снаоѓаат
Повеќе од половина година кубурат со инсулин. Тендерите доцнат, дијабетичарите се оставени сами да се снаоѓаат. Денеска одновно го вклучија алармот дека без редовна терапија здравјето сериозно им е загрозено. Во ваква неизвесност живеат над 116.000 лица во земјава.
Околу 5.000 од нив се деца со дијабет тип 1. Дијабетичарите немаат ленти за мерење на шеќерот во крвта, глукомери и инсулин. Дури и инсулинсите аптеки да се снабдени пациентите сепак не можат да дојдат до потребнте медицински материјали заради бирократски пречки.
За постојаниот недостиг на инсулин алармиран е и министерот за здравство, но освен нови ветувања, засега без конкрени решенија.
Министерот признава дека има недостиг на терапија. Иако со години здравјето на дијабетичарите им виси на конец и денеска министерот Меџити наместо да алармира и да им обезбеди терапија ги повика да се стрпат, но до кога нема одговор.
Без соодветна терпија се загрозува здравјето на дијабетичарите. Неконтролираниот дијабет доведува до откажување на бубрезите, срцев удар, мозочен удар и ампутација на долните екстремитети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Поранешена портпаролка на Зеленски: Тој е…
Јулија Мендел, поранешната портпаролка на украинскиот претседател…
Струјата и гасот поевтини од европскиот просек,…
Во услови на продолжена енергетска неизвесност и…
Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема…
Еден сомнителен случај на морбили има во…
Последната наредба војникот Т. Славески ја доби…
Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко…
БОР Е ВТОР ГРАД СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ…
Српскиот град Бор, познат по своите големи…