Објавено на:

Борисов се откажа од пратеничкиот имунитет

t

Претседателот на ГЕРБ (Граѓаните за европски развој на Бугарија), поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов денеска соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет.

„Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот, и покрај тоа што го направи поранешниот државен обвинител против мене“, рече Борисов во парламентот, иако претходно рече дека „категорично одбива“ да се одрекне од имунитетот.

Тој додаде дека има доверба во бугарскиот суд и обвинителството, јавува Радио Бугарија.

Градското обвинителство во Софија претходно му предложи на државниот обвинител да побара укинување на пратеничкиот имунитет на Борисов поради случајот „Барселонагејт“.

Станува збор за афера во која поранешниот премиер е под истрага три години, а според обвинителот, собрани се докази дека Борисов перел пари давајќи незаконски стекнати пари на трети лица за купување недвижен имот во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Дали Петков ќе ја посети или не…

По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…

Oпозицијата го пpeмисли Бојко: Време било да…

Екс бугарскиот премиер Бојко Борисов му го…