Борисов под истрага за перење пари!
Претседателот на една од бугарските владејачки партии ГЕРБ (Граѓаните за европски развој на Бугарија), и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет.
– Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот и покрај тоа што поранешниот државен обвинител го направи против мене – рече Борисов во парламентот, иако претходно изјави дека „категорично одбива“ да му се одземе имунитетот.
Тој додаде дека има доверба во бугарските судови и обвинителство, јави Радио Бугарија.
Градското обвинителство во Софија претходно му предложи на државниот обвинител да побара укинување на пратеничкиот имунитет на Борисов поради случајот „Барселонагејт“.
Станува збор за афера во која поранешниот премиер е под истрага три години, а според обвинителот, собрани се докази дека Борисов перел пари давајќи незаконски стекнати пари на трети лица за купување недвижен имот во странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…