IN MEMORIAM: Почина Стојан Георгиев Томовичин, еден од најголемите македонски патриоти

t

Стојан Георгиев е роден на 18 март 1938 година во градот Петрич, Пиринскиот дел на Македонија.

Уште како ученик започнува неговата борба на правата на Македонците, поради што доаѓа во судир со бугарската власт за јавно искажан став за постоење на Македонците како посебен народ од Бугарите и членство во илегалната македонска организација Илинден.

Стојан Георгиев има одлежано и две затворски казни од по четири години.

Тој бил првиот претседател на ОМО „Илинден“.

Наспроти сите закани и притисоци во Бугарија, учествува на разни меѓународни средби на кои го брани правото на Македонците да се стекнат со своите национални права.

Стојан Георгиев потекнува од бунтовничко македонско семејство. Неговиот дедо од мајчина страна цели пет години поминал во затворот „Еди куле“ како борец за ослободување на Македонија од Османлиското ропство. И други негови предци се бореле и умирале за слободата на македонскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…

Рама за победата на Студентската листа: Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…

Руската вакцина против рак даде резултати, кај…

Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…

Расте бројот на загинати во верижниот судир…

Бројот на загинати во тешките верижни судири…