Екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски осуден на осум години казна затвор
Првообвинетиот во случајот „Софтвери“ Драги Рашковски е осуден на единствена казна затвор од осум години. Второобвинетиот Ивица Димитровски доби пет години казна затвор. На Игор Христов му е одредена казна од 5 години и 6 месеци. Четвртообвинетиот Даниел Станчев е осуден на 4 години. Хонорарците Ирена Ивановска доби 3 години и 6 месеци, Игор Ивановски и Маја Силјановска добија три години. Казните ги изрече судечкиот совет, чиј претседател е судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.
Вака одлучи во првостепена инстанца Кривичниот суд во Скопје.
„Софтвери“ е предмет отворен по допрен глас од обвинителката Ивана Трајчева. Обвинението е за набавка на два софтвера и исплата на хонорари. Првиот софтвер е за сообраќајни прекршоци и биометриска идентификација, кој, според обвинителката, никој не ги користел, а Генералниот секретаријат со кој управуваше Рашковски ги набавил иако немал надлежност за тоа. Дополнително, обвинителката докажуваше дека тендерите биле наместени.
Вториот дел од обвинението се однесува на хонорарите. Тој склучувал авторски договори со физички лица што не ги извршувале работните обврски. Според обвинението, тие подигнувале дел од парите и му ги враќале на Рашковски. Со тоа е направена штета на буџетот во вкупен износ од 1.320.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема…
Еден сомнителен случај на морбили има во…
Последната наредба војникот Т. Славески ја доби…
Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко…
БОР Е ВТОР ГРАД СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ…
Српскиот град Бор, познат по своите големи…
Јанша: ЕУ мора да има еден претставник…
Словенечкиот премиер Јанез Јанша денес изјави дека…
Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин:…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…