Објавено на:

Рама: Се уште имам надеж дека Курти не заборавил дека гостинот не се брка од дома

t

Албанскиот премиер Еди Рама, на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски во Скопје, дали во Приштина ќе се сретне со премиерот на Косово Албин Курти, кажа дека „се уште има надеж оти Курти не заборавил дека гостинот не се брка од дома“.

-Се надевам дека Албин не заборавил на канонот дека на било кој да ти дојде дома, му се отвора врата и забрането е да го извадите од домот, кажа Рама одговарајќи на новинарско прашање.

Рама утрово пред да пристигне во Скопје објави дека се потпишани 13 договори од седницата на владите на Албанија и Косово и се доставени до Министерството за надворешни работи на Косово. Рама во објава на Твитер посочува дека по потпишувањето на договорот очекува потврда од премиерот Албин Курти за средбата.

Вчера медиумите во Тирана објавија дека Рама нема да ја откаже балканската турнеја и покрај тоа што неговиот косовски колега Курти одби да се сретне со него.

– И покрај одбивањето на премиерот Албин Курти да го прими на разговор, Рама ќе го посети Косово, но ќе се сретне само со претседателката Вјоса Османи. Средбата Рама – Османи ја потврдиле за „Еј-би-си Њуз“ (ABC News) доверливи извори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…