Повик до судиите да ги бојкотираат изборите во нелегитимниот Судски совет

t

Блупринт групата за реформи во правосудство бара итно да се прекине со постапката за избор на нови членови во Судскиот совет, а во спротивно, како крајно средство за спречување на понатамошното незаконско и нелегитимно постапување на Судскиот совет ги повикува судиите кои треба да гласаат на изборите од судовите во Аплеациското подрачје Скопје и Врховниот суд на Македонија да го бојкотираат процесот поради нелегитимноста на ова тело.

-Блупринт групата за реформи во правосудството будно ги следи случувањата во Судски совет на РСМ. И покрај реакциите од домашните и меѓународните организации и експерти за несоодветното постапување на Судскиот совет во изминатиов период, сепак нивното работење укажува дека се продлабочува јазот и недовербата која постои помеѓу нив и македонската јавност.

Последен пример е постапката за избор на нови членови во ССРСМ од редот на судиите каде како кандидати се утврдени судии за кои се водеше и се води постапка за утврдување на нестручно и несовесно работење. Постапката за утврдување на нестручно и несовесно работење е итна и роковите за нејзино спроведување се утврдени во Законот за ССРСМ. На вака јасно уредена законска постапка останува нејасно кои се причините поради кои Судскиот совет подолго време нема донесено каква било одлука за поднесено барање против судија или претседател на суд во врска со вршење на нивната функција, со што основано се фрла дополнителен сомнеж на интегритетот на постоечкиот состав на ова тело. Постапката за утврдување одговорност заврши еден ден пред ССРСМ да ја утврди кандидатската листа за членови на ССРСМ. Би сакале да потенцираме дека одлуката за запирање на постапката за одговорност сѐ уште не е објавена, ниту е правосилна за да може јавноста да се запознае со причините за запирање на истата. Ваквото однесување на ССРСМ фрла сомнеж vis-à-vis кандидатот за член на ССРСМ. Од друга страна може да се забележи и неконзистентно постапување на членовите на ССРСМ кога е во прашање нивниот „формализам“ околу прифаќање на условите за исполнување на таксативно наброените документи потребни за кандидатура за член на ССРСМ.

Уште еднаш потсетуваме за обврзувачката моќ на Уставот и законот врз секој, особено врз Судскиот совет кој треба да ја гарантира законитоста во постапувањето и владеење на правото. Воедно, потсетуваме и на постоечкиот ризик за понатамошно поткопување на довербата во судството. Тоа би се надминало доколку се инсистира на целосно нов состав и нови кандидати за членови на Судски совет. Кандидати, кои поседуваат интегритет и високи морални, етички квалитети, истакнати правници со докажано искуство и препознатливост во правничката професија, со исклучителен акцент на тоа дека за истите не смее и не треба да има сомнежи за нестручност во работењето како што е случај со последните случувања во ова тело за дел од кандидатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последната наредба војникот Т. Славески ја доби…

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко…

БОР Е ВТОР ГРАД СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ…

Српскиот град Бор, познат по своите големи…

Јанша: ЕУ мора да има еден претставник…

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денес изјави дека…

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин:…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Бремена жена со хематоми по телото пријавила…

Четириесет и двегодишна жена од Босна и…