(Фото) Падна запросување при изрекувањето на пресудата за „Софтвери“

t

Даниел Станчев од „Инвока“ ја запроси обвинетатата Ирена Ивановска на рочиштето за изрекување пресуда за сучајот „Софтвери“, пренесува 360.

Имено, двајцата беа неправосилно осудени на четири години ( Даниел Станчев), односно на три години и шест месеци (Ирена Ивановска).

До запросувањето дојде откако обвинителката Ивана Трајчева побара да им се определи притвор на четворица од неправосилно осудените меѓу кои и за Даниел Станчев.

Трајчева како една од околностите поради кои бара приотвор го наведе тоа што Станчев нема имот и нема оформено семејство. Потоа Станчев во судница зеде збор, ги кажа неговите аргументи против притворот и кога зборуваше околу околноста што нема семејство се сврте кон обвинетата, кажа дека е вљубен во неа, клекна на колена и ја побара за жена.

Таа стана, му одговори потврдно, по што се бакнаа и прегрнаа. Сите во судницата останаа вџашени од потегот, а судијаката Фанка Јанчулева-Михаиловска рече дека споделиле убав момент и даде пауза од половина час за советот да одлучи дали ќе определи притвор за четворицата обвинети.

Во случајот „Софтвери“, во кој првообвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари и фалсификување исправа е поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, осуден е на затворска казна од осум години, а за виновни се прогласени и преостанатите шест обвинети чии затворски казни се движат од три до пет и пол години затвор.

Извор и Фото: 360

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последната наредба војникот Т. Славески ја доби…

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко…

БОР Е ВТОР ГРАД СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ…

Српскиот град Бор, познат по своите големи…

Јанша: ЕУ мора да има еден претставник…

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денес изјави дека…

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин:…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Бремена жена со хематоми по телото пријавила…

Четириесет и двегодишна жена од Босна и…