Офталмолог од Тетово тврди дека Апасиев го пријавил во инспекција поради извештаи на албански јазик
Офталмологот Арменд Сејдини за Клан Македонија се жали дека е казнет откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев, го пријавил пред инспекција дека понекогаш издава лекарски извештаи само на албански јазик.
Тој вели дека случајот ќе го изнесе на суд откако Апасиев измислил информација дека наводно е од Косово. Санитарниот здравствен инспекторат бил вчера во ординацијата на офталмологот Арменд Сејдини, кој три години работи на одделот на Клиниката за офталмологија во Тетово
„Претставката од страна на лидерот на Левица е поднесена од Димитар Апасиев, наводно дека група граѓани на Тетово се пожалиле дека лекарските извештаи се даваат само на албански јазик. Инспекторатот по случаен избор избра два пријави. Извештаите ги даваме на албански на пациенти од албанска националност, додека на пациенти од македонска националност на македонски“, рече офталмологот Сејдини.
„Поради големиот проток понекогаш може да погрешиме. Можно е пациентот Албанец да добие извештај на македонски јазик, но на барање на пациентот потоа ќе го смениме извештајот.Го поканувам господинот кој го покрена ова прашање да дојде и да добие упатство и тој ќе го добие извештајот на својот јазик каков што е“, вели офталмологот Арменд Сејдини.
Во претставката до Државниот санитарен инспекторат е наведено дека лекарот Арменд Сејдини е од Косово и дека пријавите на пациентите им ги давал само на албански јазик.
„Ова ќе го изнесам пред судот бидејќи има неточни изјави. Цитирам „докторот од Косово Арменд Сејдини пишува извештаи само на албански јазик“. Ова е лажно“, вели Сејдини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синоќа засилено прскање против комарци во три…
Засилени акции за прскање против комарци синоќа…
Врховниот суд на САД привремено гo одобри…
Американскиот претседател Доналд Трамп доби привремена правна поддршка…
Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…
Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…
Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…
Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…
Летови од 19 евра и рачен багаж…
Европскиот авионски пазар би можел да добие…