(Видео) „Кажете дека ова е скриена камера“ и „Срамота е на официјален профил на градоначалник да се објавуваат детски игри“, граѓаните го искараа Јанчев за видео кое тој го објави
„Кажете дека ова е скриена камера“, „Срамота е на официјален профил на градоначалник да се објавуваат детски игри“, „Да се молиме да врне дожд, а недај боже да фати пожар“, вака звучат само дел од коментарите на видеото кое градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев го објави на својата фејсбук страна.
„Секојдневни вежби на припадниците на ТППЕ Кавадарци. Нашите пожарникари континуирано се надоградуваат и се секогаш подготвени“, напиша Јанчев во објавата. Но, видеото е далеку од вежба што треба да ја направи пожарникар кој е подготвен за справување со пожар.
Наместо да се пофали локалната противпожарна единица, видеото почна вирално да се шири и стана предмет на потсмев и сеир, не само на официјална фејсбук страна на градоначалникот, туку и по социјалните мрежи.
Еве го целото видео:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка…
Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг…
ТРАМП: НЕ НИ ТРЕБА ДОГОВОР СО ИРАН,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Драма во Гази Баба: 59-годишен скопјанец натепан…
59-годишен скопјанец пријавил физички напад од страна…
Инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра: Киел…
„Киел Македонија“, која е дел од германската…
Драматичен апел на Зеленски: Го забавија „Старшилд“,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…