Објавено на:

Ја задавил со кабел, а потоа ја исекол со сатар-страшни детали за убиството на Ноа Миливојев

t

Ноа Миливојев (18), која исчезна на 17 јуни, беше пронајдена мртва во четвртокот во центарот на Белград. Осомничениот маж О.Д. (33) беше уапсен и признал се, а нејзината мајка Боба Миливојев ги откри деталите од емотивната врска помеѓу нејзината убиена ќерка и човекот кој признал дека брутално ја убил. Сега се откриени нови детали од истрагата, поточно како е убиен Ноа Миливојев. Информациите се вознемирувачки.

„Мирисаше страшно, а осомничениот седеше на фотелја и мирно ги гледаше полицајците. Околу него имаше многу шишиња алкохол. Откако О.Д. бил врзан со лисици, инспекторите во бањата пронашле неколку пластични кутии во кои имало делови од тело во киселина. Во еден голем контејнер се наоѓаше череп, кој беше речиси целосно уништен, а на дното на таа пластична кутија се гледале заби. Покрај тоа, гардеробата на Ноа била пронајдена во црни кеси“, рече извор запознаен со случајот.

Според неофицијални информации, осомничениот О.Д. (33), по вербална расправија со Ноа, земал продолжен кабел за струја и ја удавил. Потоа, исто така според неофицијални информации, го исекол телото со сатар.

„Со денови, како што рекоа сведоците, од станот вадел црни вреќи, па се претпоставува дека некои делови од телото на Ноа ги фрлил во ѓубре, а други ги потопувал во киселина за да ги уништи и да го сокрие страшното убиство. При претресот на станот, полицијата ги одзела сите ножеви кои ги поседувал О.Д., но сатарот не бил пронајден. Покрај тоа, деловите од телото, кои биле доста уништени од киселина, се однесени во Институтот за судска медицина каде што врз основа на ДНК треба да се утврди дали убиената е всушност Ноа“, додава изворот.

Осомничениот О.Д. (33) прво негирал се, а потоа признал. Тој првично рече дека не се сеќава каде и кога ја убил Ноа Миливојев. Неколку пати бил апсен за разни кривични дела, а пред неколку години доживеал сообраќајна несреќа во која бил повреден, па морал со себе да носи патерица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…