СДСМ: Мицкоски нема основно чувство за државност
Со оглед на тоа дека Христијан Мицкоски во изминатиот период дијаметрално менува ставови во секоја изјава не гледаме потреба да придаваме преголемо значење, излегоа со реакција од СДСМ на изјавата на Мицковски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стопира сите официјални комуникации со власта.
„Тоа е одлика на човек кој често менува став и нема основно чувство за државност. Наместо да работи на интеграција, Христијан Мицкоски сака да се прикажува како експерт за изолација и блокади.Мицкоски има право да се изолира себеси, но нема право да ја изолира државата.Неговата штетна политика на одбивање дијалог и обиди за блокади е доказ дека е подготвен и да ја закочи државата, да биде изолирана, само затоа што нема капацитет и не знае да реши ниту еден проблем и предизвик.СДСМ нема да дозволи земјата да изгуби нови 11 години во изолација, како што се случи тоа во времето на шефот на Мицкоски, Никола Груевски,“ стои во партиското соопштение на СДСМ.
„Заедно со коалициските партнери и со сите партии кои се за европска иднина во европскиот блок ќе продолжиме со одговорно и државничко однесување. Ќе направиме се за продолжување на европскиот пат на земјата, да ја внесеме Македонија во ЕУ и да ја релизираме стратешката цел“, дополнија од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…