Новиот црногорски претседател ќе ги нормализира односите со Србија
Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, изјави дека фокусот на неговата претстојна посета на Белград ќе биде целосното нормализирање на односите со Србија како важен економски партнер.
Во изјава за РТЦГ, Милатовиќ потсети дека ќе се сретне со српскиот претседател, Александар Вучиќ и најави дека ќе го покани да ја посети Црна Гора.
Тој посочи дека најважен сегмент од посетата ќе биде обновувањето на дипломатските односи на ниво на амбасадори, бидејќи ниту Србија има амбасадор во Подгорица, ниту Црна Гора амбасадор во Белград.
-Акцентот ќе биде ставен и на други теми – економска соработка, заеднички инфраструктурни проекти, заеднички пат кон Европската унија, но предуслов е темата за амбасадорите – изјави Милатовиќ.
Тој најави и дека ќе положи венец на Споменикот на непознатиот херој во Авала.
-На овој начин ќе и оддадам почит на заедничката историска борба на Србија и Црна Гора. Граѓаните на Србија и помогнаа на Црна Гора, па на тој начин ќе ја заокружиме посетата – заклучи Милатовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…
Македонската партија во Србија застана зад Студентската…
Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…