Шок на шести кат во Белата Палата: Груевски повторно со поголем рејтинг од Христијан Мицкоски според анкета на ИРИ

t

Анкетата на ИРИ за Македонија покажа зголемена поддршка за членство во ЕУ, недостиг на доверба во владеењето на правото, разлика за правецот на движење на локално и национално ниво

Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија покажува зголемена поддршка за членство во ЕУ, ниско ниво на доверба во владеењето на правото и разлики за правецот на движење на локално и национално ниво.

На прашањето дали ја поддржуваат интеграцијата на земјата во Европската Унија, 79% од возрасните испитаници одговориле со „да”. Ова претставува раст од шест процентни поени во однос на анкетата извршена минатиот октомври.

Експремиер Никола Груевски, со 11 отсто целосна доверба е еден од најпопуларните политичари во Македониј и со поголем рејтинг од неговиот наследник Христијан Мицкоски.

„Растот во поддршката за ЕУ интеграција е знак дека западните институции нудат надеж за успешна иднина” изјави Пол Мекарти, директор на ИРИ за Европа. „Граѓаните на Македонија ја сметаат интеграцијата со демократски блок каков што е ЕУ како клучна за мир и напредок”.

Анкетата исто така покажа дека поголемиот број на граѓани немаат доверба во владеењето на правото. Само 31% од испитаниците се согласиле дека законот еднакво се применува за сите граѓани на Македонија, најниско ниво до сега. Шеесет и пет отсто не се согласиле со оваа изјава.

„Нашата анкета покажува дека помал број на граѓани имаат доверба во еднакво спроведување на законот”, рече Мекарти. „Лидерите во Скопје мора да се осврнат на ова прашање доколку сакаат да влеат доверба во владата и во политичките институции на земјата”.

Освен ова, граѓаните на Македонија се поделени во однос на насоката според која се движи нивната локална самоуправа споредено со насоката во која се движи државата. Дваесет и осум отсто од испитаниците сметаат дека нивната општина се движи во вистинската насока, додека само 14% го мислат истото за земјата како целина.

Според истата анкета Али Ахмети со 6 проценти поддршка е најпопуларен политичар во Македонија. Потоа следуваат Никола Груевски и Христијан Мицкоски со по 5 проценти, додека Димитар Ковачевски се со 4 односно 3 проценти поддршка. Билал Касами има 3 отсто поддршка, додека Зијадин Села 1%.

Анкетата е спроведена во име на  Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на групацијата КАНТАР). Податоците се собрани од 8 април до 4 мај 2023, со метод на повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.

Беше анкетиран национално репрезентативен на примерокот од 1,204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години. Податоците се пондерирани според возраста, полот, регионот, населеното урбано/рурално место и етничката припадност. Маргината на грешка за целиот примерок не е над ± 2.8 поени со ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 74%.  Оваа анкета е извршена со поддршка од Националната фондација за демократија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешeн градоначалник на Луганск убиен во експлозија…

Поранешниот шеф на самопрогласената Луганска Народна Република…

Хорор во Тетово: Двајца тинејџери извршиле обљуба…

Двајца тинејџери од Тетово биле приведени поради…

Вучиќ ги помилува активистите на неговата партија…

Во одговор на барање од телевизијата Н1,…

Путин најави телефонски разговор со Трамп

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека…

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано…