Кривична пријава против шефот на Управниот суд, Бурим Сејдини
Поради сомневања за рачна распределба на предмети со злоупотреба на АКМИС системот вработени во Управниот суд поднеле кривична пријава против нивниот шеф Бурим Сејдини- објавија дел од медиумите.
Во кривичната пријава како што се наведува стои и дека претседателот на Управниот суд распределил над 190 судски предмети од областа за финансии од Царина и УЈП, но никогаш по нив не било постапено, со што неофицијално била нанесена штета на државниот буџет од милион евра. Дополнително во пријавата која се вели дека е анонимна исто така, се забележува дека Сејдини неодамна вработил мајка и ќерка во судот и во случајот гледаат конфликт на интерес.
Сејдини на прес конфернеција ги отфрли информациите дека во судот рачно се распределувале предмети. Вели, целта на обвинувањата била да се наруши неговиот интегритет и угледот на судот.
-Најодговорно тврдам дека во Управниот суд немало нема и нема да има рачна распределба на судски предмети имено распределбата била и ќе биде единствено преку АКМИС системот согласно судскиот деловник па следствено е на шпекулативно ниво и со индикација ги отфрлам ваквите ситауции. Јас сакам да знам ако е од вработените овој суд треба да ја преиспитам мојата работа.-Бурим Сејдини.
Кривичната пријава е испратена до Финансиската полиција, Комисијата за спречување на корупцијата, премиерот Ковачевски и вицепремиерката за добро владеење Грковска.
Претставка за злоупотреба со распределба на предмети била испратена и до Судскиот совет, од каде велат дека тричлена комисија предводена од Координаторот на Управниот суд, во април годинава биле во работна посета на овој суд и направил увид во поголем број предмети, за да ги провери наводите содржани во претставката.
Извештајот, додаваат, ќе биде разгледан на една од наредните седници, кога советот ќе се доекипира со новите членови и по неговото усвојување ќе биде достапен за јавноста.
Инаку, за злоупотреби на АКМИС системот на затворска казна беше осуден поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд Владимир Панчевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влегол во стан и се обидел да…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Пукање во близина на Белата куќа: Четири…
Четири лица се повредени во пукање што…
Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…
Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…
Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…
Еден тон подмладок од крап денес е…