Косово, Украина и Босна треба да бидат следните членки на НАТО, смета Османи
Претседателката на Косово, Вјоса Османи ја поздрави поддршката што ја даде претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за зачленување на Шведска во Северноатлантската алијанса.
По синоќешната изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Ердоган се согласил да ја поддржи Шведска за членство во Алијансата, Османи на својата официјална страница на Твитер напиша дека НАТО сега треба да им ја отвори вратата и на Косово, Украина и Босна и Херцеговина.
-Извонредна вест. Редот е за Косово, Украина и Босна и Херцеговина во НАТО, за едно побезбедно и постабилно НАТО и побезбедна и постабилна Европа, напиша Османи.
Шефот на НАТО, Столтенберг вчера во литванската престолнина Вилнус, каде што денеска и утре ќе се одржи самитот на НАТО, рече дека претседателот Ердоган му најавил оти барањето на Шведска за членство во Алијансата ќе го пренесе на Парламентот на Турција и дека тоа ќе биде ратификувано.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…