Откако МВР го чува влезот на затворот „Идризово“, драстично се намалени разбојништвата и бегствата, се пофали министерот Спасовски

t

Полицијата останува да помага во затворот Идризово кој се уште е во кризна состојба по неколкуте скандали и бунтови на затворениците. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање денес по посетата на полицискиот центар за обука во близина на затворот, се пофали дека откако полицијата ги чува влезовите, намален е борјот на разбојништва и на бегства од затворот.

„Таму работиме заедно според оперативен план направен со службата на ‘Идризово’ и со Армијата во делот на обезбедувањето заради состојбата со намалување на кадарот на полициските службеници во затворот што влијае на оваа ситуација. Целосно под контрола е се она што е под контрола на МВР, односно влезовите, се што влегува е контролирано на високо ниво. Од моментот на кризната состојба, откако постапуваме во ‘Идризово’ драстично се намали бројот на извршување на разбојништва и на кражби и на територијата и на општина Гази Баба, но и на територијата на градот Скопје што укажува на аномалиите кои ние претходно ги утврдувавме, со нелегално излегување на лица од затворот“, рече министерот Спасовски.

Полицијата ќе остане во затворот ‘Идризово’ се додека има потреба оти, како што нагласи министерот Спасовски, се работи за безбедноста а оваа институција мора да биде целосно под контрола за да бидат безбедни и сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во близина на Белата куќа: Четири…

Четири лица се повредени во пукање што…

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…

Еден тон подмладок од крап денес е…

76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…

На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…

16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…

Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…