Речиси 100.000 евра казна за Орце Ѓорѓиевски и општина Кисела Вода, но и за Стевче Трпковски од општина Сопиште за правење на дива депонија

t

Речиси 90.000 евра казна во денарска противредност заработи општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, но и јавното комунално претрпијатије во општина Сопиште и градоначалникот Стевче Трпковски кој доби 55.000 евра казна во денарска противредност.

Според информациите на Инфомакс, инспекторите по животна средина од град Скопје констатирале дека двајцата ја загрозиле животната средина, како и животот и здравјето на граѓаните поради непрописно одлагање на отпад и стварање на диви депонии на територија на градот Скопје.

Претходно, ваква казна заработи и општината Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски кој на диво одлагаше градежен шут и смет во коритото на реката Лепенец во нас.Даме Груев во општината.

Овие тројца градоначалници беа дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои пред два дена, загрижени за состојбата во КХС собираа отпад на улиците во нивните општини, со механизација позјамена од други градови, бидејќи сопствени капацитети се уште немаат.

Лицемерието е и во фактот што веќе втора година, Комунална Хигиена Скопје ги сервисира и обврските на општините, а градот Скопје во континуитет ги чисти дивите депонии кои пак општинските градоначалници на ВМРо-ДПМНЕ ги формираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје…

Атина очекува да ги чуе позициите на…

Чекаме да ги видиме декларациите на новата…

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, целосно…

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…