Верувале или не: Шкупи распали по државата и ФФМ
Шкупи објави остро соопштение, полно со критики, во врска со проблемот со вадење виза за Валид Хамиди, без кого многу веројатно ќе настапи против Хегелман во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Чаирчани „распукаа“ по Фудбалската федерација на Македонија, но и по државата и обвинија дека никој не се вклучил во нивната битка да му обезбедат виза на Хамиди.
„Доста е. Шкупи е екипа на оваа земја. Ние како клуб во Европа ја претставуваме Република Македонија. На само еден ден пред мечот во Конференциската лига, сè уште не сме добиле патна виза за еден од нашите најважни фудбалери, Валид Хамиди. Оставени сме сами на себе во борбата да го решиме овој проблем. Ниту ФФМ, ниту некој друг функционер не се вклучи да помогне. За да се реши проблем, се вклучија Фудбалската федерација на Литванија и УЕФА, но сè уште немаме позитивен одговор. Треба добро да се разбере дека целта на ФФМ е да им служи на фудбалот и клубовите. Зошто сме оставени сами во толку важен момент? Како резултат на секое достигнување во Европа, успехот е препишан и на Република Македонија. Не разбираме зошто не му се издаде виза на Хамиди“, соопшти Шкупи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…
Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…
МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…
Нападнато седиштето на Социјалистичката партија во Тирана…
На шестиот ден од насилните протести во…
ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница,…
На предвремените избори за градоначалник на Општина…
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница,…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му…