ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Македонија од денеска во портокалова фаза, температурата над 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 22 степени, а максималната од 30 до 42 степени. УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува десет. Сите региони во земјава влегуваат во портокалова фаза, а Владата воведе мерки за заштита од високите температури.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец.
Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Денеска ќе биде топло во целата земја, а во петок само во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови, од денеска се воведуваат препораки за намалување на ризиците од високите температури, според одлуката од седница на Влада.
Се препорачува ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се бремените жени и лица на возраст над 60 години. Децата во градинките да не се изнесуваат надвор во период од 11 до 17 часот. Единиците на локална самоуправа, Црвен крст и Центрите за социјални работи да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Се потсетуваат работодавците да ги почитуваат законските прописи во делот на ризични производствени и технолошки процеси кои може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници – се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Лошо ќе завршиме, душо“: Откриени пораки меѓу…
Специјалното обвинителство против корупција на Албанија (SPAK)…
Рускиот амбасадор, Зиков: Скопје не може да…
Скопје не може да се смета за…
Уставен пресече со 5:3, правилата за државно…
Уставниот суд со пет гласа „за“ и…
ОЕЦД: Инфлацијата ќе остане висока, светската економија…
Глобалната економија и натаму покажува отпорност на…
Зеленски: Му реков на Трамп дека нашите…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги брани нападите…