Лога тврди дека за 10 дена уставните измени ќе бидат доставени до Собранието, вели дека и ВМРО-ДПМНЕ разговара за процесот

t

Министерот за правда Кренар Лога вечерва во телевизиско гостување рече до крајот на претстојните десет дена уставните измени ќе бидат доставени до Собранието и ќе бидат изгласани. Тој тврди и дека има информации дека во ВМРО-ДПМНЕ се разговара за уставните измени.

– Длабоко верувам дека ова лето ќе имаме уставни измени. Предлогот од наша страна повеќе од две-три недели е во владина постапка. Премиерот заедно со Мицкоски седна и донекаде имаше некаков договор за поддршка, но се добиваше на време за уставните измени да одат во Собрание консензуално. Остануваат уште неколку дена. Верувам дека до крајот на овие десет дена ќе се процесираат и ќе бидат доставени до Собранието. Процесот не е едноставен, бара широк консензус и две третини во Парламентот кои верувам дека ќе се обезбедат. Верувам, бидејќи имам информации дека во ВМРО-ДПМНЕ се разговара за таков процес и дека ако тие не се за поддршка на уставните измени, ќе се најдат други луѓе – истакна Лога во гостување на ТВ Сител.

Во однос на амандманите, според Лога, нема ништо ново од она што веќе е излезено во јавноста.

– Станува збор за Преамбулата каде се додаваат други етникуми и за делот на Комитетот – рече министерот за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две години затвор за Пеце Матевски, условни…

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски,…

Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…

На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…

Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното…

Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје…

Радев повторно се пожали дека „проблемите на…

„Европа мора да учествува во преговорите за…

Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…

На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…