Објавено на:

(Видео) Хаос во косовскиот парламент: Курти за малку не беше претепан!

t

На денешната седница на косовското Собрание, во моментот кога од говорницата говореше косовскиот премиер Аљбин Курти, дојде до тепачка меѓу претставници на владејачката партија и опозицијата.

Додека Курти зборуваше за планот за деескалација на Северот, во еден момент му пришол пратеникот на ПДК Мергим Љуштак и го полил со вода.

Имаше општа препукување меѓу пратениците, оние кои дојдоа во одбрана на Курти и оние кои дојдоа на другата страна.

На кратко видео од директниот пренос се гледа општа метеж во Собранието, а се слуша и кршење на стакло.

Во општиот метеж се најдоа и косовската министерка за правда Аљбуљена Хаџију и министерот за финансии Хекуран Мурати.

Се слушна и дека претседателот на косовското Собрание Гљаук Коњуфца повикал полиција.

Директниот пренос од оваа седница потоа беше прекинат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во скандинавски Прилеп и Битола не може…

Повеќе од една недела битолчани и прилепчани…

Договорот за спречување инфекции во болниците „фати…

Македонија ризикува да загуби 100 милиони евра…

(Видео) Дарко Златев, еден од повредените во…

Дарко Златев, еден од повредените во пожарот…

МНР со апел до граѓаните да се…

МНР со апел да се избегнуваат патувања…

(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе…

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо…